
Нов дом за стари лица ќе се гради во Општина Зрновци. Со капацитет од 75 легла треба да ги задоволи потребите на возрасното население од кочанскиот регион. Градоначалникот, Борчо Коцев очекува во семптември да се постави камен темелникот за изградба на новиот објект, кој треба да заврши во рок од 12 до 15 месеци.
„Очекувам дека приватниот инвеститор веќе во семтпември месец ќе започне со изградба и ќе имаме камен темелник, а изградбата би требало да заврши некаде за еден година. Имајќи во предвид дека во регионот овие објекти се многу мала бројка, мислам дека ќе успееме да подобриме животните усови на оваа категорија наши повозрасни граѓани. Имајќи во предвид дека нивните семејства се иселени во странство сметам дека ова ќе биде еден прекрасен капитален објект.“ – вели Коцев.
Во регионот дом за стари лица има само во Берово, а останатите општини прават напори за изградба на вакви објекти. Во Штип објектот за дом за стари лица е делумно изграден, но се чека отстранување на административа пречка за истиот да продолжи да се гради и да се стваи во функција на граѓаните. Здружението на пензионери Штип во неколку наврати потенцираше дека има обезбедено финансиски средства за да може да се догради домот кој ќе биде од големо значење за граѓаните од третата доба.
Едно од првите барања на новиот в.д. градоначалник на Општина Кочани, исто така беше за изградба на пензионерски дом, сместан во близина на ТППЕ Кочани, а за изградба на истиот во прва фаза се потребни 266 милиони денари.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет