
Штипјанецот Горан Тонев, после два месеци медицинска грижа во Солун, се огласи дека е добро на својот фејсбук профил. Голема благодарност пред се тој упатува на Бога, затоа што му даде втора шанса за живот. Благодарност потоа упатува кон целиот персонал од болницата Папаниколау во Солун за неизмерната грижа и нега, како и до сите оние кои што се молеа до денес за него. Со измешани чувства после трагичниот случај во дискотетката Пулс во Кочани, тој цврсто стана од болничкиот кревет.
,,Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау” -Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија. Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене Моите чувства се измешани, колкушто сум среќен толку сум и тажен за загубата на сите деца ,а посебно за моите драги колеги и другари Сочувство за сите фамилии“, соопшти Тонев на својот профил
Инаку, во пожарот кој се случи на 16 март годиава, живтото го загубија 62 лица, а околу 200 беа повредени. Критичните пациенти, беа пренесувани низ болниците во странство, а Тонев беше хоспитализиран во болницата Папаниколау во Солун.
Иван Митев, М-Нет