Брегалница ќе игра финале во младинскиот Куп на Македонија против Брера Струмица

Младинците на Брегалница се пласираа во големото финале од Купот на Македонија каде ќе се соочат со Брера Струмица.

Штипјани беа подобри со 5:2 во однос на Штип во полуфиналето откако за штипскиот тим двоен стрелец беше Бранимир Иванов, а по еден гол постигнаа Лука Бојаџиев, Даријан тасев и Филип Чичев, а пак за гостинскиот тим погодија Ендрит Кадрији и Ендрит Рустеми, а стрелаа во вториот дел.

Брера Струмица со голот на Бобан Кузмановски во 45. минута го совлада Вардар со минимални 1:0 и така стигна до финалето.

Големото финале меѓу Брегалница и Брера Струмица е закажано за 23 мај со почеток од 17 часот, а ќе се игра на теренот на ФФМ во Скопје.

Александар Ванев, М-Нет