Кошаркарите на Соколи против Ангели во полуфинале, Дарио Митевски со поддршка од штипјани очекува победа и финале, а со тоа и пласман во Првата лига!

Кошаркарите на Соколи со тесни 69:70 го добија и вториот натпревар против Бутел и така обезбедија полуфинале против екипата на Ангелија, која пак беше двапати подобра од Борец Баскет.

Соколи се многу блиску до пласман во Првата кошаркарска лига, Дарио Митевски, кој го носи дресот на Соколи од Штип, вели дека имало притисок на натпреварот со Бутел во гости, а како што вели за М Нет телевизија екипата на Бутел играла добра одбрана.

„Екипата на Бутел е доста спремна екипа знаевме што не’ очекува тежок терен е таму, имаше доста публика, горе долу се држевме на договореното, тоа што се подготвувавме за натпреварот. Имаше доста притисок на нас, екипата на Бутел има доста добра одбрана и прави притисок по целиот терен. Брза екипа, малку пониска од нас, но ние се изборивме со целата таа игра и иако губевме горе долу прво полувреме и до кај четврта четвртина се држевме до договореното, се боревме до крај и на крај малку не посака среќата и извојувавме многу битна победа“, вели кошаркарот на КК Соколи, Дарио Митевски за М Нет телевизија.

Митевски за М Нет телевизија го најави и натпреварот од полуфиналето против Ангели, а притоа направи и кратка анализа на противникот.

ИЗЈАВА 030_1530 Дарио Митевски, кошаркар на КК Соколи 01:44 (екипата на Ангели) до 02:08 (да дадеме максимум)

„Екипата на Ангели е солидна екипа горе долу се знаеме како играме во напад и во одбрана, ги знаеме нивните играчи, кои им се се нивни предност и слабости. Не’ очекува доста тежок натпревар досега завршивме 1-1 во натпревари ќе видиме како ќе биде на следниот натпревар и мислам дека треба да дадеме максимум“, дополнува Митевски.

Како што вели Митевски тие имаат постојана поддршка од штипската публика, а така очекува да биде и за соочувањата со Ангели.

„Штипјани и публиката од Штип цело време ни дава поддршка каде и да играме и во гости и дома, ни дава доста голема поддршка и буквално ни се како шест играч на теренот“, рече Митевски за М Нет.

Натпреварот меѓу Ангели и Соколи е закажан за недела со почеток од 18 часот, а се игра во спортската сала „Независна Македонија“ во Скопје.

„Треба да дадеме максимум да се избориме, сепак се два натпревари за влез во Прва лига, ако го добиеме тој натпревар во гости, после ни следува натпревар дома каде што ќе имаме повторно домашен терен и уште повеќе публика и се надеваме на влез во Прва лига“, дополнува Митевски за М Нет телевизија.

Соколи е на чекор од Првата лига, сега следува полуфиналното соочување со Ангели, првиот меч се игра во гости, а вториот ќе биде дома.

Александар Ванев, М-Нет