
Поранешниот спортски работник Тодор Рибарски во гостувањето во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија раскажува за првиот кошаркарски натпревар кој се одиграл во Штип, за првиот кошаркарски клуб кој го имал градот под Исарот.
„На 27 август 1933 година во весникот Вардар ќе биде објавен следниот текст, одигран првиот официјален натпревар во кошарка. Судија бил Трајко Кошевалиски. Овој факсимил јас го добив од макотрпно од Институтот за национална историја во Белград, Србија, така што го имам оригинален факсимилобјавен во весникот Вардар на 7 септември истата година. Местото на одигрувањето на овој натпревар било кај кај сегашната воспитно образовна институција Ванчо Прке“, вели Рибарски.
Рибарски во Трибина исто така раскажа и за првиот кошаркарски клуб кој го добил Штип.
„Во 1945 година Трајко Кошевалиски со неговото знаење и тука ќе го спомнам Петар Сарев го формираат кошаркарскиот клуб Ванчо Прке, првиот кошаркарски клуб. Таму ќе бидат носители на тие тешки по ослободување функции, кошаркарите Владо Џидров, Ристо Џидров, Бадиев, Стојков, за жал слики од тој настан немаме“, вели Рибарски.
Тогашната репрезентација на Македонија ја сочинувале играчите на кошаркарскиот клуб Ванчо Прке, а во Суботица, Србија забележува голем резултат.
„На Државното првенство во Суботица, Република Македонија оди на натпревар со сите републики без Словенија и учество на Југословенската народна армија. За одбележување е што репрезентацијата на Македонија ја сочинувале токму играчите од кошаркарскиот клуб Ванчо Прке. По одигрувањето на сите натпревари, ние го освојуваме второто место на Државното првенство во Суботица во тогашна Југославија. Во финалето губиме од Хрватска и го освојуваме второто место, успех огромен“, раскажува Рибарски.
Вториот кошаркарски клуб кој бил формиран во Штип бил Текстилец.
ИЗЈАВА (од трибина 30.04.2025 монтажа) Тодор Рибарски, поранешен спортски работник 11:27 (ова е фотографија) до 12:22 (долдуров)
„Ова е фотографија од 1962 година. Кошаркарскиот клуб Текстилец осминафинале на Купот на Југославија, од лево на десно Јакимов, Кацарски, тренер Тодор Барбареов, Вуковиќ е од Лесковац, Димитар Монихов и Стојан Герасимов – Пушка. Долу на сликата клечат Крум Ренџев за жал покоен односно тука има повеќе покојни, Миле Стојанов – Долдурот“, раскажува Рибарски во неговото гостување во Трибина на М Нет.
Кошарката во минатото во Штип имала големи успеси, а сега кошаркарскиот клуб Соколи е пред можноста да испише клупска историја пласирајќи се во Првата лига, со што Штип по неколку години пауза одново би можел да следи прволигашка кошарка.
Александар Ванев, М-Нет