Земјиште посадено со земјоделска култура на местото на новите плацеви за домување во Три Чешми


Изградбата на новата населба во Три Чешми откри посадено државно земјиште со земјоделски култури без соодветна дозвола од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според катастарскиот план, земјиштето се уште е во сопственост на Република Македонија. Според жителите на Три Чешми кои ги затекнавме таму, ова земјиште се сади со истата земјоделска култура од исто лице повеќе од 20 години. За проблемот прашавме во Државниот инспекторат за земјоделство, оттаму во телефонски разговор за М Нет телевизија изјавија дека откако се започнати градежни активности на тоа земјиште од страна на Општина Штип, тие повеќе не се надлежни да постапуваат, меѓутоа за овој проблем на терен ќе излезе градежниот инспекторат. Според нив, лицето најверојатно имало дозвола за обработка на ова земјиште, меѓутоа истата му е истечена.

Иван Митев, М-Нет