
Третолигашот Карбинци преку соопштение реагира на одлуката на Комисијата за натпревари на Трета лига – Исток, по основ на тоа што за време на натперварот меѓу Овче Поле и Карбинци од 13. коло на Трета лига – Исток, меч кој се играше на 6 април, а кој домашниот тим го доби со минимални 1:0 дека екипата на Овче Поле направила измена на играчи во четири интервали односно прекини, иако е дозволено само до три измени.
Согласно пропозиците екипите имаат право да извршат измена на пет фудбалери, но во три интервали односно прекини.
По основ на ова ФК Карбинци поднесе жалба бидејќи ФК Овче Поле направил измени во четири интервали, иако е дозволено до три, по што бараше овој меч да го добие со службен резултат.
Сепак, нивната жалба беше одвиена од страна на Комисијата за натпревари на ТМФЛ – Исток, а мечот останува регистриран со резултат од 1:0. Како што се вели во одлуката на Комисијата за натпревари на ТМФЛ – Исток, екипата на Овче Поле направила четири измени во четири интервали, а според пропозициите на Трета лига дозволено е извршување на пет измени, а во случајот не се запазени интервалите, за што според тоа како што велат од Комисијата за натпреварување следува автоматска казна, но не и губење на натпреварот со службен резултат.
Дополнително, претставник на ФК Овче Поле и делегатот на натперварот се предава на дисциплинска комисија на ТМФЛ – исток.
Сепак, на ваквата одлука ФК Карбинци ќе поднесе нова жалба на оваа првостепена одлука на Комисијата за жалби на ТМФЛ Исток.
Александар Ванев, М-Нет