Уште седум кола во Втора лига: Четири екипи во трка за влез во Прва лига, неизвесно околу баражот за опстанок!

Уште седум кола остануваат да се доиграат во Втората македонска фудбалска лига, а трката за влез во Прва лига ја продолжуват четири екипи, неизвесно е околу баражот за опстанок.

Лидер на табелата е Македонија ЃП со 52 бодови, а пак Башкими е втор со 50 бодови на своето конто. Екипата на Арсими и Брегалница го делат третото место со по 48 бодови на своето конто. Овие четири екипи продолжуваат на патот кон Прва лига, две ќе имаат можност да направат директен влез, една ќе треба да игра бараж за можен влез, додека пак една екипа ќе извиси.

Арсими влезе во победничка серија со пет победи во низа и тимот од Чегране сака директен влез во Прва лига што би бил историски успех за Арсими. „Лавовите“ засега се осамени на врвот од табелата, а притисокот ќе се зголемува кај Брегалница која нема право на грешки, ако сака директен влез.

На долниот дел од табелата е слична ситуацијата, повеќе екипи во трка за директен опстанок и избегнување на баражот. Вардарски е речиси испаднат останува таа мала надеж за бараж, додека пак од друга страна Борец со победата над Кожуф одново е во игра па и за директен опстанок, иако тимот од Велес како последна опција го гледа баражот.

Осогово е во ситуација да се бори за директен влез, но освен тоа ќе треба да собира бодови ќе треба да се надева на грешки на конкурентите. Победа, Вардар Неготино и Новаци зависат сами од себе и всушност во следните три кола доколку овие екипи забележа позитивни резултати може да го потврда директниот опстанок.

21 бод е во игра и математички се можни многу комбинации, но во пракса не изгледа се така како лесно. Вардарски со осум бодови на своето конто има 15 бодови негатива од зоната за директен опстанок или од Победа која има 23 бодови и овие околности се повеќе од јасни дека Вардарски има пореални шанси само за бараж, а од бараж зоната има негатива од девет бодови, а бидејќи игра со конкуренти за опстанок до крајот, тоа е до некаде реално.

Борец има десет бодови негатива од Победа или зоната за директен оптанок, а само четири бодови од бараж зоната и тоа ја прави уште понеизвесна сезоната за опстанок. Осогово е на шест бодови од зоната за директен опстанок.

Многу комбинации во прашање, а следните кола ќе дадат јасна слика за опстанокот. Претстојниот викенд ќе се одиграат натпреварите од 24 коло.

Александар Ванев, М-Нет