
Здрави како дрен се старите штипјани, кои и во променливото време немаат никаков здравствен проблем. И додека голем број луѓе во светот во пролетните денови се метеоропати, сепак анкетата на М-Нет телевизија покажува дека не и во Штип. Граѓаните велат дека немаат никаков проблем дури и над 70 тата.
Симтомите за луѓето кои имаат проблеми и се метеоропати се чувствуво на умор, истоштеност, проблеми со концентрацијата, главоболки, па дури и некои посериозни здравствени тегоби.
За ваквите случаи се препорачува земање на магнезиум и витамин Б6, кои можат да ги намалат симптомите. Освен тоа, добро е да се поминува време во природа и да се избегнува долго седење во затворена просторија или пред компјутер.
Иван Митев, М-Нет