
Иако покачени пензиите, сепак слабо раздвижен првиот петок од април. И оние кои што излегоа пазарот го отецнија како скап. Граѓаните купуваа претежно зелена салата, компир, како и јаболка од овошјето. Според нив цените се високи, па затоа за М-Нет телевизија велат нема да купуваат се, туку само најпотребното.
Иако помала развдиженоста, сепак продавачите задоволни од побарувачката. Велат пополека, но робата се троши. Најмногу баран според нив е компирот.
Инаку, овој петок речиси на секоја тезга се продаваше и младиот кромид и лук, кој граѓаните го купуваа дополнително, кој се одлична комбинација со зелената салата.
Иван Митев, М-Нет