Арсими ги освои трите бодови против Вардарски!

Натпреварот меѓу Вардарски и Арсими се одигра денес, кој беше прекинат во саботата на полувреме бидејќи Градскиот стадион во Богданци беше поплавен од обилните врнежи од дожд при резултат од 1:2.

Денес во Богданци немаше погодоци или поточно во второто полувреме, а трите бодови заминуваат на контото на Арсими кој сега има само два бодови помалку од Брегалница која е трета или во бараж зоната и четири помалку од Башкими кој е втор и Македонија ЃП која е прва со по 49 бодови.

Трајчов погоди за Вардарски за водство од 1:0, а потоа Таипи и Рамадани погодија за 1:2 и со тоа трите бодови одат во Чегране.

Александар Ванев, М-Нет