
Реми од 1:1 на Македонија против Велс во вториот квалификациски меч за СП 2026, кога Македонија со голот на Бојан Миовски во финишот дојде до предност од 0:1, а буквално во последната секунда Брукс постигна гол за 1:1.
Натпреварот започна со минута молк поради големата трагедија која се случи во Кочани, а фудбалерите и на двете репрезентации на левата рака имаа црни траки за да им се оддаде почит на 59-те жртви од големата трагедија во Кочани.
Повеќе од тежок натпревар и тврд противник беше Велс во однос на Лихтенштајн, првиот дел го одигравме со тоа што не дозволивме противникот да го отвори резултат, кој имаше неколку шанси.
Во вториот дел со влезот во игра на Чурлинов ја имавме најзрелата шанса во 65. минута, кога токму Чурлинов биеше кон голот на противникот но Дарлоу беше сигурен на својот гол и одлично интервенираше.
Во 71. минута премногу блиску беше Велс за да дојде до гол по една непријатна топка на Џојнсо, кога Муслиу спаси чист гол на противникот. Ни се отвори голема шанса и во 74. минута кога Елмас проигра со Барди, капитенот биеше но неговиот удар беше изблокиран и добивме корнер.
Миовски го отвори резултатот, а Брукс ги постави конечните 1:1.
И со реми ќе бидеме задоволни од овој тежок меч за нашата репрезентација против тврд и тежок протовник како што беше Велс.
Следни предизвици за Македонија ќе биде на домашен терен против Беглија и против Казахстан во гости.
Александар Ванев, М-Нет