
Од денес продолжуваат спортските натпревари после големата трагедија која се случи во Кочани.
Од денес стартуваат натпреварите во Втората македонска фудбалска лига, како и натпревари од Првата женска фудбалска лига, од утре ќе започнат и натпреварите од Третата македонска фудбалска лига.
Овие денови ќе се играат и натпреварите од Првата и Втората футсал лига, одложените натпревари од Првата ракометна лига, а утре и во среда ќе бидат одиграни натпревари од последното 22. коло на регуларниот дел на ракометната Суперлига, ќе се играат и одложените натпревари од кошарката.
Тоа што е важно е дека речиси сите екипите приходот од билетите ќе го донираат за настраданите од трагедијата во Кочани, а дополнително ќе има поставено и кутии за донации, некои екипи се одлучија да не наплаќаат влез, но притоа ќе имаат поставено кутии за донации.
Македонија утре игра против Велс, а исто така и приходот од билетите од овој меч ќе биде дониран за настраданите во трагедијата во Кочани, а во сабота кога ќе биде одиграно „вечното дерби“ меѓу Пелистер и Вардар во Битола приходот од билетите ќе се донира на настраданите во Кочани.
Уште една потврда дека спортот обединува и во овие тешки моменти за целата нација.
Александар Ванев, М-Нет