
Неполтполно согорување на материите во пожарот во дискотеката во Кочани, причина за појава на штетни хемиски гасови, кои се штетни врз целиот организам. Специјалистот по медицина на трудот Горан Андонов, вели дека еден од таквите штетни гасови е јаглеродниот моноксид, кој е без мирис и боја и е многу лесно запалив. За М-Нет телевизија рече дека најчестите знаци на труењето се главоболка, вртоглавица, гадење и поврање. Додава дека ситуацијата може да се влоши, доколку се наруши центарот за дишње со што може да се дојде и до смрт.
Пластиката, хартијата и дрвата се дел од материјалите, кои по појавата на пожарот создаваат различно штетни хемиски гасови, рече Андонов, додавајки дека истие се врзуваат за хемоглобинот и започнуваат да го нарушуваат процесот на дишење.
“Како резултат на непотполното согорување на материите од таа средина како пластика, хартија, дрва доага до ослободување на различни, штетно хемиски гасови, кои што штетно влјаат врз целиот организам, пред се на респираторниот систем. Такви гасови се јаглероден моноксид, диоксид, сулфур, водород. Jаглеродниот моноксид е безбоен гас, без мирис и вкус, лесно запалив. Се јавува како резултат на непотполно согорување на супстаниците кои што ги содржи јаглерод. Се врзува за хемоглобинот и го нарушува процесот на клеточно дишење.”, вели Андонов
Инаку, она што додатно го истакна Андонов е тоа дека имптомите зависат од концетрацијата на јаглерод моноксид во самата средина каде има пожар, како и концетрацијата на карбоксихемоглобин во крвта и кога истиот достига околу 60 проценти во крвта настанува парализа на дишење и моментална смрт.
Иван Митев, М-Нет