
Во големата трагедија која се случи во дискотеката во Кочани загинаа планираните Ѓорѓи Величков и Ивона Антова од Кочани, најдлабоко сочувство изразија и од Федерацијата на планински спортови.
„Најдлабоко сочувство и утеха до семејствата на нашите прерано заминати планинари од Кочани, Ивона Антова и Ѓорѓи Величков. Сочувство до семејствата и на останатите жртви. Федерацијата на планински спортови на Македонија изразува желби и надеж за побрзо опоравување на повредените“, велат од федерацијата.
Во големата трагедија во Кочани животот го загубија 59 лица, меѓу нив и младите спортисти Андреј Лазаров, Дамјан Танески и Петар Ивановски.
Александар Ванев, М-Нет