Пациенти од пожарот во Кочани од Клиничка болница Штип пренесени на лекување во Скопје

По вчерашна тријажа и координација со Кризен штаб од Скопје во вечерните часови пациентите од несреќата во Кочани кои беа хоспитализирани во КБ –Штип се транспортирани во Клинички центар ‘‘Мајка Тереза‘‘-Скопје.Транспортот на сите пациенти помина безбедно.Во моментот во Клиничка болница-Штип има само двајца пациенти ,една пациентка со изгореници од полесен степен на рацете и еден пациент со повреда на рацете.