
Остануваат уште десет кола за одигрување во Првата македонска фудбалска лига, во игра се 30 бодови, а неколку екипи ќе имаат навистина тешко мисија да го изборат опстанокот.
Во долниот дел или во опасната зона се Беса, Воска Спорт и Тиквеш со по 18 бодови и овие екипи ќе ја имаат најтешката задача за се изборат за опстанок. Во трката за опстанок сериозен предизвик ќе има и Брера Струмица, како и Вардар, кои сакаат сигурен и директен опстанок, додека пак Пелистер атакува на рано обезбедува на опстанокот и мирна завршница.
Брера Струмица е во зоната за директен опстанок со 21 бод на своето конто, но струмичани и натаму немаат пролетен триумф, додека пак на осмото место е Вардар, исто така со 21 бод на своето конто, а Пелистер засега е сигурен во средината од табелата со досега освоени 26 бодови.
Според формата формата од последните пет натпревари Брера Струмица е во најлоша форма со само два освоени бодови од можни 15 бодови, па затоа и бодовната залиха која ја имаше на полусезона ја стопи на само плус три од опасната зона. Тиквеш од можни 15 бодови освои четири, а пак Беса има пет од можни 15 бодови, додека пак Воска Спорт има шест од можни 15 бодови на последни пет меча, а толку има и шампионот Струга Трим Лум.
Последните две места односно 12-тото и 11-тото место директно водат кон испаѓање во Втората лига, додека пак 10-тото место води во баражот за можен опстанок во Првата лига, со тоа што прволигаш ќе игра бараж со третопласираниот тим од Втората лига.
24 коло од Првата лига овој викенд ќе се игра во петок и сабота, поради репрезентативната пауза, а мечевите од 21. коло на Втората лига ќе се играат во недела.
24-тата рунда од фудбалската елита на Македонија ќе биде отворена во петок со дербито меѓу Вардар и Шкендија, а останатите мечеви ќе се играат во сабота. Брера Струмица дома ќе игра со Силекс, Беса ја очекува тежок меч дома со шампионот Струга Трим Лум, Шкупи на Чаир против Пелистер. Во Кавадарци соочување на Тиквеш со Гостивар, а пак во Охрид екипата на Воска Спорт ќе игра со Работнички.
Натпреварите ќе започнат во 15 часот.
Александар Ванев, М-Нет