
Дербито меѓу Големо Коњари и Превалец од 15. коло на Трета лига – Југ заврши без победник од 1:1, во меч кој можевте да го следите ексклузивно на М Нет телевизија.
Реми кое повеќе му одговара на домашниот тим, во однос на гостинскиот тим на патот кон баражот за Втора лига. Гостинот преку Давид Секуловски во 39. минута го отвори резултатот за 0:1, а потоа Онур Имероски во 42. минута ги постави конечните 1:1, откако во вториот дел мрежите мируваа, а и двете екипи имаа свои шанси и моменти за погодок.
Во Крушево немаше исто така победник откако Питу Гули и Слога од Лажани ремизираа играјќи 1:1, Венец со 1:5 го декласираше Дреново, на минимална победа се радуваше Башкими 2008, кој го доби Младост од Кривогаштани, а пак Ултрас и Бучин одиграа 1:1.
Во овој регион лидер е Големо Коњари со 32 бодови, Башкими 2008 е втор со 31 бод, Превалец е трет со 28 бодови и овие три екипи ќе водат борба за првото место и баражот за Втора лига.
Во Трета лига – Исток се одиграа натпреварите од 10. коло или прва пролетна рунда каде тимот на Карбинци со 1:4 забележа висока пбоеда од 1:4 против Ударник во Пирава, Хоризонт Турново и Дојранско Езеро ремизираа играјќи 2:2, Свелост на домашен терен во Зрновци со 2:0 го совлада Овче Поле.
Фаворитот и лидер Слога Виница со убедливи 8:0 славеше против Малеш, тим кој настапува со млади играчи од својата школа и неколку искусни играчи од малешевијата, а пак Брегалница Делчев со 3:2 ја совлада Тиверија.
Лидер е Слога Виница со 27 бодови, а пак второто место го делат Овче Поле и Брегалница Делчево со по 17 бодови.
Во Трета лига – Север се одиграа натпреварите од 15. коло каде лидерот Шкендија Арачиново со убедливи 9:0 го декласираше тимот на Башкими Љуботен, реми на БВК Коњаре и Куманово од 1:1, реми и на мечот меѓу Аеродром и Пчиња од 1:1.
Њу Старс го доби поранешниот второлигаш Кадино со 2:1, Академија Илинден со 2:0 го доби некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ, Ржаничино со 3:0 ја доби Риниа, а пак Беса со 4:3 беше подобра од Фортуна.
Лидер е Шкендија Арачиново со 43 бодови, 13 повеќе од Фортуна која е втора со 30 бодови.
Во Трета лига – Запад се одиграа натпреварите од 13. коло каде Зајази беше поразен од Влазерими со 0:3, Џепчишти со 2:6 беше декласиран од Камјани, Дрита со 2:1 ја доби Ренова, Доброшти и Љуботен ремизираа без голови, а пак Вардар Брвеница загуби од Напредок со 0:1.
Тетекс мечот од оваа рунда го одигра на 30. ноември минатата година кога со 1:0 ја доби Речица.
Лидер е Тетекс со 32 бодови, втор е Влазерими со 31 бод и овие две екипи ќе водат борба за првото место.
Пролетниот дел во Трета лига – Југозапад започнува следниот викенд.
Александар Ванев, М-Нет