И одредени авто перални ги покачија цените, чистењето од внатре и надвор сега достигнува и до 500 денари

И одредени авто перални ги покачија цените, па чистењето од внатре и перењето од надвор сега достигнува и до 500 денари. И додека од една страна домашното перње реиси и не се практикува, од друга страна новите цени ќе предизвикат навраќање на старите практики. Анкетираните граѓани во Штип се децидни дека цените се високи.

Ќе одиме во самоуслужни авто перални истакнаа граѓаните на терен или како што велат автомобилите ќе започнат да ги перат повторно во своите дворови.

Во согласност со ситуацијата, додатно граѓаните информираат дека порано перењто на своите автомобили чинело 200 денари, а постепено со самата ситуација, цените започнаа да се зголемуваат. Некако до околу 350 денари тие се согласни, повисоки не, затоа што додаваат дека во самоуслужните авто перални тие автомобилите би ги исчистиле за 150 денари.

Иван Митев, М-Нет