
Утре на програмата ќе бидат натпреварите од 18. коло на Втората лига, а на М Нет телевизија и на платформата на ФФМ ќе можете да го проследите натпреварот од Турново каде на стадионот „Кукуш“ ќе се соочат Каменица Саса и Брегалница, меч кој ќе го суди Ангелчо Ристов.
Познати се судиите за сите натпревари, на мечот меѓу Вардар Неготино и Скопје правдата ќе ја дели Кирил Смоквоски, Ристе Сејменов ќе им суди на Осогово и Кожуф, додека пак Борче Павловиќ ќе им суди на Вардарски и Детонит Плачковица.
Здравко Костовски ќе им суди на Новаци и Борец, Доне Ристовски на Победа и Македонија ЃП, дербито меѓу Башкими и Арсими го доби Марјан Младеновски, а пак меѓу Охрид и Беласица правдата ќе ја дели Бархиљ Ибраими.
Натпреварите започнуваат во 14 часот.
Александар Ванев, М-Нет