
Финализирање на изградбата на Клиничката болница во Штип главна тема на дискусија на работната средба која се одржа денеска меѓу градоначалникот Иван Јорданов и британскиот амбасадор Метју Лосон. Како што посочи Јорданов приоритет е да се изгради болницата која треба да ги опслужува пациентите од регионот.
„Комунициравме на различни теми поврзани со потенцијалот и значењето за изградба на Клиничката болница, за поддршка на нови индустрии во нашиот град. Навистина ми е драго што имаме еден пријателски однос од Велика Британија и верувам дека ваквата комуникација ќе проодлжи и во иднина. Се прават напори да се обезбеди инвеститор за финализирање на изградбата на клиничката болница“ – вели Јорданов.
Освен изградбата на штипската Клиничка болница на средбата се дискутираше и за привлекување на англиски инвестиции, како и продлабочување на соработката меѓу двете држави.
„Јас сум многу оптимистичен дека можеме да привлечеме многу инвестиции од Велика Британија овде.“ – вели Лосон.
Британскиот амбасадор, Лосон денеска го посети и Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет