Отворено новото спортско фудбалско игралиште во ООУ „Никола Карев“ во Кочани

Пуштено во употреба новото реконструирано спортско фудбалско игралиште во ОУ „Никола Карев“ во Кочани. Со сечење на лента, а во присуство на министерот за спорт, Борко Ристовски, и директорот на училиштето, Александар Андов, младите имаат нов простор каде ќе можат да тренираат и да постигнуваат резултати. Успех е кога игралиштата се полни, вели Ристовски, што значи дека во иднина ќе има врвни спортисти.

„Нашата цел како министерството не е само да се грижиме за врвниот спорт, за резултатите, за нас преставува успех кога ќе видиме дека на едно населено место има една ваква масовност и кога ќе видиме дека игралиштата се полни. Тоа е да се грижиме за иднината и да имаме секогаш една наша инвестиција, економска исплатливост.“ – вели Ристовски.

Игралиштето е со целосно обновена подлога и поставена вештачка трева, изградени се нови мали трибини за гледачите, обновени се фудбалските голови, а поставена е и дополнителна опрема. Андов се надева дека од овде ќе излезат добри идни спортисти.

„Се надевам дека таленти ќе излезат од овој терен, многу ученици од овде излегоа и се одлични репрезентативци на нашата фудбалска репрезентација“ – вели Андов.

Финансиските средства за обнова и отворање на спортското игралиште во ООУ „Никола Карев“ во Кочани се обезбедени од страна на Министерството за спорт.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет