Златен медал за виничанецот Лука Змејкоски во Бугарија, злато и за кикбоксерката Марија Димовска

Македонските кикбоксери со „жетва“ на медали на „Европскиот Куп“ во Бугарија, Пловдив, каде освоија 17 медали, од кои пет беа златни, два сребрени и десет бронзени.

Со златни медали се закитија виничанецот Лука Змејкоски, кој го сочува првото место на светската кикбокс ранг листа, откако во финалната борба Змејкоски славеше против противник од Молдавија.

Покрај Змејкоски златен медал освои Марија Димовска, која претходно освои златен медал и на Атина Челинџ Европскиот Куп во Грција. Димовска имаше две доминантни победи. Даган Пандев, Иван Гудев и Нелсон Узеир исто така освоија злато во Бугарија.

Сребрени медали освоија Лука Киприновски и Димитар Стефановски, а пак бронзени медали освоија Андријано Димишковски, Калин Бабоски, Нина Колева, Силвио Мировски, Кристина Спиркоска, Маригона Зенуни, Сара Стојаноска, Леа Бошевска со две бронзи и Крсте Трајкоски.

Ова е голем успех за Македонија, а на Европскиот Куп учествуваа 1376 кикбоксери со 2165 натпреварувачки влезови од 29 држави.

Александар Ванев, М-Нет