Граѓаните денеска ја одбележуваат Задушница, во сеќавање на починатите

Денска православните христијани ја одбележуваат Задушница, во знак на сеќавање на починатите. Масовно и оваа Задушница се посетија градските гробишта во Штип. Граѓаните раздаваа за душата на починатите, лебче, пченица, вино.

Оваа Задушница секогаш се паѓа една недела пред Прочка – денот за простување, кој секогаш се паѓа во недела.

Задушница секогаш се паѓа во сабота, тоа е денот кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

Свеќи се носат на гробовите, а свештениците вршат индивидуални панихиди и читаат молитви за починатиот.

Задушница никогаш не е за време на пост, ниту се паѓат на пост, бидејќи тие се секогаш во сабота.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет