
Започнаа активностите на поставување на павер елементи на ул. Ѓошо Сламката во Штип. Улицата се очекува да биде уредена во следните неколку дена, која што ќе биде добра можност за граѓаните, кои што домуваат на истата, но и за сите кои што ја користат. Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека за ваквата инвестиција се издвоени повеќе од половина милион денари, а истата е по барање на жителите од оваа улицa.
„Продолжуваат активностите на локалната самоуправа. Се наоѓаме на една пристапна улица во централното градско подрачје Ѓошо Сламката, која што е помалку видлива за граѓаните, помалку достапна, но жителите од улицата имаа барање до нас како локална самоуправа да биде уредена. Активностите се во насока на поставување на павер елементи. Верувам дека во следните неколку денови истата ќе биде уредена и ќе биде можност за користење од страна на жителите, кои што домуваат на истата улица, но и за сите кои што ќе ја користат со оглед дека се наоѓа во централното градско подрачје.“, вели Јорданов
По завршување на оваа инвестиција, активностите продолжуваат понатаму на останти улици предвидени во програмата на Општина Штип, вели Јорданов
“Повеќе од половина милион денари се одвоени за уредување на улицата Ѓошо Сламката, а по завршувањето на истата ќе се лоцираме со други активности на останатите улици, кои што се предвидени во програмата на Општина Штип.“, додава Јорданов
Со ваквата инвестиција, граѓаните од тука ќе имаа поубаво уредена улица, од една страна, како и повеќе пристапн за возачите кои поминуваат секојдневно од таму од друга страна.
Иван Митев, М-Нет