
Спортските ветерани се живи сведоци на златните времиња во спортот, херои кои со своите успеси оставиле неизбришлива трага во историјата. Нивната посветеност, талент и жртва некогаш ги носеа на врвот, а денес, со заслужени признанија, нивното наследство продолжува да инспирира нови генерации.
На изборот за спортист на град Штип, награди им беа врачени на ветераните со признание за успех во спортот.
Награда доби Љупчо Лазаров, кој е поранешен фудбалски голман од златната генерација на Вардар, со кој во сезона 1986/87 Лазаров ја освои Првата југословенска лига со Вардар.
Награди добија Драги Ефтимов и Васил Коцев, поранешни фудбалери, Димитар Цветанов, Панe Рунтев и Сане Арсов во борење, во карате тоа беа Кирчо Партаклиев и Трајче Бурев, награди во ракометот како спорт добија Зоран Јовановски и Лилјана Стојчева, Драги Јорданов во пинг-понг, Димитар Параклиев во бокс.
Антоније Здравевски во атлетика, Новит Здравев, Ане Костовски и Александар Зенделов во одбојка, Мирче Кикиритков во мал фудбал, а пак Миле Петковски и Љупчо Арсов во кошарка.
Признанијата не се само награда за минатото, туку и потсетник дека вистинските шампиони никогаш не згаснуваат. Тие остануваат учители, ментори и инспирација на младите спортисти кои сонуваат за истиот пат на успех.
Ветераните ова признание го заслужуваат не само за освоените медали, титули и пехари, туку и за тоа што беа симбол на спортскиот дух, додека биле активнист како спортисти. Љубовта кон спортот никогаш не згаснува.
Александар Ванев, М-Нет