Онколошкото одделение при КБ Штип има потреба од кадар и просторни услови, бројот на пациенти расте

Онколошкото одделение при штипската Клиничка болница е солидно опремено, но само во делот на дијагностиката. Кога станува збор за кадар и просторни услови се јавува пробем. Овде се примаат сите онколошки пациенти од Источниот регион, но станува збор само за амбулантски прегледи. Типовите карциноми кои се лекуваат се дел од карцином на дојка, на простата, на колон и метастатски карцином на коски.

Бројката на онколошки пациенти постојано се зголемува, не само во Штип, туку и на ниво на држават. Само во декември минатата година во Штип имало 3,500 амбулантски прегледи кои се консултативни, првични прегледи, прегледи во однос на протокол за следење по завршен третман, а сто од тие пациенти се на активен третман кој доаѓаат секој месец.

„Имајќи во предвид дека кај нас во КБ Штип се застапени целиот протокол за еден онколошки пациент од хирургија, биопсија, патологија па и до онкологија бројот секојдневно расте. Повеќе од неминовно е решавање на овој проблем, да се згрижат пациентите од Источниот дел на државата. Ние имаме потреба пред сѐ од кадар, бидејќи на онколошкото одделение функционира само еден онколог со една сестра, а потребни ни се соодветни просторни услови“ – додава доктор Караколевска-Илова.

Терапијата со која располага онколошкото одделение при Клиничка болница Штип е ограничена за ограничен број пациенти согласно Буџетот кој се издвојува од страна на болницата. Затоа е потребно инвестирање со цел подобри услови за паицнетите.

Лаура Стојанова М-Нет