
Домашно црвено вино, чувано во визба во дрвени бочви, може да се најде секој петок на тезгата на Иван Здравковиќ на пазарот во Штип. Повеќе декари земја, тој и своето семејство чесно работат на ниви во село Криволак, неготинско и заработуваат солидни пари. Бербата кај нив започнува, порано, поради потоплиот крај, па од 20 августпо натаму нив неможеш да ги најдеш. Го преточуваат до четири пати, а за проба пари не зимаат.
За да виното е влаго и вкусно, потребно е грозјето да има повеќе блажина, вели Иван, па затоа неговото има околу 29 милиграма, а истата зависи од почвата и временските услови.
Инаку, Иван има две машки деца, кои исто му помагаат и се негови наседници. Со жена му, вкупно четворица активно работата повеќе години и успеваат да си обезбедат финансии кои што им се доволни за живот во Македонија.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет