
Прволигашот Беса од Добри Дол и официјално го промовираше искусниот стратег Горазд Михаилов за нов тренер, со кој во пролетниот дел ќе брка опстанок во Првата лига.
Михаилов доаѓа на местото на Бобан Бабунски, тренерот кој замина од екипата без ниту еден натпревар, па ниту еден тренинг.
Михалов последно ја водеше Брера Струмица, а претходно го водеше и Вардар во тековната сезона од Првата лига. Беса е во долниот дел од табелата со 13 бодови, а пролетниот дел го отвара против Воска Спорт во Охрид на 16. февруари во првото пролетно коло, во меч кој ќе биде дерби за опстанок.
Александар Ванев, М-Нет