
Од година во година се намалува бројот на родени бебиња во државата. Во кочанската општа болница во 2023 година имало 35 породувања, за разлика од 2024 година кога оваа бројка падна на 22 породувања. Согласно податоците на државниот завод за статистика, пред десет години во Кочани имало 354 живородени бебиња, во 2020 година 258, а веќе во 2023 година 196 живородени бебиња.
„2024 година јас секогаш велам малку сме, ама добри сме. Имаме 22 породувања, некаде околу 1500 прегледи и околу 225 хоспитализации.„ – вели Атанасовски.
Слична е ситуацијата и во штипската клиничка болница. Иако годината заврши со 418 раѓања, бројот е намален за 10% споредбено со претходната година.
„Завршивме со 418 раѓања, намален е тој број како и во сите други родилишта, намален е за 10% споредбено со претходната година.“ – вели Јаневска-Велкова.
Од болницата потенцираат дека се прават напори за да се подобрат условите за идните мајки и новорденчињара. На тој начин се очекува да биде зголемен бројот на раѓања во државните болници.
„Веќе сме модернизирани, направени се два нови апартмани и уште две соби кои се со многу подобрени услови. Во план сме за реновирање на тоалетот, а ова треба да се случи веднаш после Божиќ.“ – додава Јаневска-Велкова.
Пред само шест години бројот на родени бебиња во штипската болница бил 817, а долги години наназад овде се раѓаа околу илјада бебиња. Намалениот број породување во клиничката болница се должи делумно на породувањата во приватните болници, но во најголем дел на иселувањето на младите и нискиот наталитет.Според последниот извештај на Заводот за статистика, најмало учество во однос на вкупниот број раѓања во државата има Источниот Регион со 5.8 %. Во скоро сите општини на истокот природниот прираст е негативе, односно бројот на починати лица е поголем од бројот на родени бебиња.
Лаура Стојанова М-Нет