
Повторно зголемено присуството на одрони на патните правци во истокот. Одроните постојано се чистат, но поради постојаните врнежи на дожд тие се постојано активни. Раководителот на Македонија пат Влатко Цоневски за М-Нет телевизија вели дека за среќа нема потешкотии во одвивањето на сообраќајот, но она што тој го препорача за учесниците во него е да бидат внимателни и да се придржуваат кон условите на патот.
“Поради врнежите на дожд што ги имаме на цела територија имамне зголемено присуство на одрони, кои редеовно се чистат. Немаме потешкотии одвивање на сообраќајот, меѓутоа возачите и учесниците во сообраќајот треба да бидат внимателни и да се придржуват кон условите на патот.“
Најинтензивно за сега останува патниот правец село Истибања- Македонска Каменица, каде одроните се постојани и големи.
“За време на врнежите од дожд претежно имаме на тие критични што ги викаме, тоа е село Истибања Делчево, Делчево Берово, Берово Виница, тоа се три патни правци и Берово Струмица, кој што треба да го додадеме. Тоа се тие четири патни правци, кај кои што се појавуваат одрони, а најинтезивни се кај село Истибања- Македонска Каменица.“, додава Цоневски
Во согласност со ситуацијата и понатаму од Македонија пат апелираат да се почитува патната сигнализација, да се почитуваат сообраќајните правила, како и да се има поголема претпазливост со цел да нема несакани последици.
Лаура Стојанова, М-Нет