И денешниот пазарен ден беше скап за купувачите, производителите велат дека нема да има промени во цените

Скап за купувачите беше и денешниот пазарен ден во Штип. Иако нема промена во цените од претходниот петок, ама сепак граѓаните велат дека веќе не купуваат ниту во килограми, бидејќи џебот длабок и речиси полу празен. И денеска зелката беше неизоставен дел за нив, но и цвеклото и морковот кој како што велат ги комбинираат заедно. Се купуваше и марулата која веќе станува актуелна за периодов.

Според продавачите цените нема да се менуватт цело зимо. Велат дека истите се реални, имајќи во предвид макотрпното производство и сушата преку целата година.

Инаку, овој пат особено можеше да се забележи продажбатга на различни видови домашно набрани чаеви, кој граѓаните ги купуваа за да се стоплат во ладната зима.

Лаура Стојанова, М-Нет