
Започнаа активностите за рехабилитација на потегот на улицата Васил Доганџиски во Штип. Паралелно се работи и на уредување на тротоарската површина, а проектот е планиран од програмата за уредување на градежно земјиште. Градоначалникот Иван Јорданов вели дека за поставувањето на оваа асфалтна маса од буџетот на општината се издвоени нешто повеќе од еден милион денари со што се очекува овие денови да биде извршено нанесувањето на истата.
“Се наоѓаме на улицата Васил Доганџиски и овде се започнува со рехабилитација на потегот, кој што е планиран во програмата за уредување на градежно земјиште. Паралелно се работи и на уредување на тротоарите. За рехабилитација на асфалтната маса одвоени се нешто повеќе од еден милион денари за поставување на асафалтна маса. Очекувам овие денови да се изврши нанесувањерто на оваа асфалтна маса и да продолжиме во наредните денови со активности на останати улици.”; вели Јорданов
Она што останува понатаму за оваа година е д а се заврши е улицата Крушевска Република која води кон филтер станицата во нас Баби, како и на останти улици предвидени од оваа програма и со тоа да се заокружи оваа 2024 година, додава Јорданов.
“Останатата улица која што е предвидена во деновите кои што следуваат е улицата која што води кон филтер станицата во нас. Баби, тоа е улицата Крушевска Република и верувам дека временските прилики ќе не послужат и за останати улици предвидени во програмта за уредување на градежно земјиште и со тоа да ја заокружиме оваа 2024 година со голем број на реконструирани и рехабилитирани улици.“, додава Јорданов
Инаку со ваквата реконструкција, ќе се овозможи поголема безбедност за пешаците, како и поголема сообраќајна сигнализација како во централното градско подрачје, така и во населбите.
Лаура Стојанова, М-Нет