Штип го доби историски најголемиот Буџет досега, основниот Буџет бележи раст од 30%

Историски најголемиот Буџет на Општина Штип денеска помина и на седница на Совет. Со над една милијарда и 800 милион денари, општината наредната година ќе работи на капитални проекти и инвестиции. Историски највисок е и основниот буџет, кој споредбено со претходнатаа година бележи раст од 30%. Ккао што посочи градоначалникот, Иван Јорданов, голем дел од средствата преку проекти ќе бидат вратени назад кај граѓаните.

„За наредната 2025 година вкупниот Буџет изнесува една милијарда 886. 896 илјади денари. Историски највисок Буџет досега во Општина Штип. Вкупниот основен Буџет изнесува една милијарда 58 милиони 240 илјади денари, исто така историски највисок буџет или компаративно со изминатата година бележи 30% раст, основен буџет оној кој советот и општината може да го релоцира назад кај граѓаните.“ – вели Јорданов.

Буџетските средства се поделени во програми, испланирани за развој во образованието, културата, социјалната заштита, урбанистичкото планирање и проектирање, зелени површини, локални улици, тротоари, крстосници, водовод, канализација и слично.

„Со Буџетот за наредната година се предвидени огромен број на капатални инвестиции во вкупен износ од основниот буџет од 592 милиони 638 илјади денари. Ова е 56% од основниот буџет, или 637 милиони 941 илјада од вкупниот Буџет.“ – додава Јорданов.

Во наредната 20205 година штипјани ќе добијат нов мега парк, продолжување на булеварот Партизанска, нова обиколница, улици и тротоари, булевари, нови населби како и реконструкција на водовдоната мрежа.

Лаура Стојанова М-Нет