
Македонскиот интернационалец Диме Димов заминува од бугаркиот прволигаш Локомотив Софија и кариерата ќе ја продолжи во нова средина. Искусниот фудбалер беше еден од најдобрите играчи на бугарскиот тим, а за кого одигра сезона и пол. Иако 30-годишникот имаше договор со бугарскиот прволигаш до јуни 2025 година, сепак се одлучи да замине.
Димов во својата кариера има настапувано за Металург, Кожуф, Гостивар, Хоризонт Турново и Академија Пандев сега Брера Струмица, каде што беше и капитен на тимот.
Димов за Локомотив Софија одибра 56 натпревари, каде што беше еден од клучните играчи во тимот, со тоа што неколку пати беше во тимот на колото во Бугарија, а неколку пати беше и игарч на натпреварот. Ова сезона Димов за бугарскиот прволигаш одигра 19 натпревар, како и еден меч во Купот на Бугарија.
Интерес за Димов има од повеќе екипи од странство, а се очекува во следниот период да биде познат неговиот нов клуб каде би ја продолжил кариерата.
Во својата кариера Димов го има освоено Купот на Македонија со екипата на Брера Струмица тогашна Академија Пандев во сезона 2018/2019.
Александар Ванев, М-Нет