
Одбојкарите на Весна Пробиштип на домашен терен забележаа висок пораз од 0:3 во сетови од Македонија Џио, а во рамки на 12. коло од Првата одбојкарска лига.
Првиот сет заврши со високи 13:25 за гостинот, а во вториот сет се обиде домаќинот да парира, но одново го загуби сетот со 17:25, а третиот заврши со 19:25 со што Весна Пробиштип мечот го загуби со 0:3 во сетови.
Штип УГД забележа голема победа над тимот на Сушево на домашен терен откако мечот го доби со 3:0 низ тотална доминација на теренот. Првиот сет штипјани го добија со 25:17, а во вториот сет доминацијата на штипскиот тим беше голема за 25:8, а третиот сет заврши со 25:14.
Шампионот Струмица не виде мака и на домашен терен со 3:0 во сетови славеше висока победа над Универзитет Тетово низ 25:18 во првиот сет, а ист резултат беше и во вториот сет и 25:7 во третиот сет.
Шкендија со 3:0 во сетови го доби Вардар, Борец со ист резултат беше подобар од Скопје, а пак Јанта Волеј дома загуби од Работнички со 0:3.
Во однос на табелата Струмица е прва со 33 бодови, Штип УГД е втор со 30 бодови, Борец е трет со 26. На 4. место е Шкендија со 25 бодови, Работнички место подолу со 23 бодови, следува Универзитет Тетово со 21 бод, Вардаре седми со 15 бодови, а Лирија е осма со 13 бодови. Македонија Џио и Скопје го делат деветтото место со по 9 бодови, Сушево е на 11-тото место со шест бодови, а толку има и Весна Пробиштип, на дното е Јанта Волеј без бодови.
Александар Ванев, М-Нет