Првиот петок од декември ги наполни торбите на купувачите на пазарот во Штип, тиквата, компирот и зелката најбарани

Првиот петок од декември ги наполни торбите на купувачите на пазарот во Штип. Тиква, компир, зелка, се купуваше на денешниот пазарен ден. Од побарувачката, задоволни беа и продавачите, кои велат дека цените се како и претходниот петок. Едногласно истакнаа дека според скржавата година, производство за сега има, па затоа зимата е безбедна за граѓаните.

Цените за купувачите исти како и претходните петоци, за еден дел скапо, за друг нормално. Велат дека заклучно божикните празници нема ништо да остане на нивните сметки.

Инаку, овој петок особена побарувачка имаше на компирот и зелката. Се продаваше и домашно направени зимници, низа нижен пипер за оние кои што сеуште не одлучиле да ги имаат на своите рафтови.

Лаура Стојанова, М-Нет