
Со делење на едукативни флаери и рачно изработени брошеви за сите случајни минувачи во центарот на Штип, денес се одбележа меѓународниот ден на лицата со попреченост 3 ти декември. На настанот присуствуваа лицата од сите центри, како и учениците од ООУ Ванчо прќе и средношколците од текстилното училиште Димитар Мирасчиев. Целта на настанот е подигање на свеста за правата на овие лица, како и рамноправноста за нив.
“Ние учениците од училиштетео Ванчо Прќе Штип, учествуваме со делење на едукативни флаери, за да ја подигнеме свеста и да дадеме поддршка на посебните лица и учениците од нашите посебни одделенија.“, истакнаа учениците
“Дојдени сме овде по повод 3 ти декември, денот на лицата со попреченост. Ние овие брошеви ги изработивме во нашиот дневен центар за подигање на свеста на лицата со попреченост.“, додаваат лицата
Пријатно изненадени од ракотворбите на овие лица, беа и граѓаните на Штип, кој додатно истакнаа дека и овие лица треба да се почитуваат и да им се помогне.
“Многу, многу треба да се почитуваат, секаде да си помагаме, да ги советуваме и да ги упатуваме на прави места во право време.“, велат граѓаните
Започнувајќи од 1992 година, на 3 декември се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост со цел подигнување на свеста за правата на овие лица. Се смета дека 15 проценти од светската популација, или повеќе од 1 милијарда луѓе во светот живеат со попреченост.
Лаура Стојанова, М-Нет