
„Текстовите во македонската чалгиска песна некогаш и денес“ беше денешното предавање на авторот Добрила Грашеска при УГД Штип, на кој студентите се зпаознаа со чалгиската музика и песна во државата. На настанот се разгледуваа анализите на текстовите во македонската чалгија од различните краеви, во кој длабоко емотивно македонецот некогаш твореч. Грашеска за медиумите вели дека ова е најдлабокото нематеријално културно наследство на државата кое треба да се оддржува во живот и денес.
„Jас пред некое време по втор пат бранев моја дипломска работа, која што сакав да биде поврзана со она што јас најмногу го работам, а тоа е со македонската чалгија, бидејќи студирав на филолошкиот факултет и направив една анализа на текстовите во македонската чалгија, односно состојбата на текстовите низ историјата и она што денес се случува со чалгиските песни, така што тоа веројатно беше доволно провокативно и интересно што ме поканија да го повторам ова предавање, но овојпат збогатено малку со повеќе музика.”, вели Грашеска
Единствен начин за да се зачуваат сите стари инструменти може единствено само ако се вметнат во образованиот систем, вели професорот по чалгиски инструменти Тимко Чичаковски.
“Единствен начин за да се зачува сите стари инструменти може само единствено ако ги вметнеме во образованиот систем.“, вели Чичаковски
Инаку, настанот се оддржа во просториите на правниот факултет при УГД со цел студентите се запознаат со нематеријалното културно наследство, како и со инструментот наречен канон, најкарактеристичен за чалгиската музика.
Лаура Стојанова, М-Нет