
Работници за туризам, за здравство и осигурување, производство, граѓевински работници – Словенија бара добар кадар од Македонија за работа во нивната држава. Денеска во Штип се презентираа условите кои се браат од страна на работниците, за да работат во Словенија. Со плата од речиси 1300 евра нудат услови за македонците да заминат на работа во Словенија.
„На годишно ниво се издадени околу 4500 дозволи и поголемиот број се за граѓевински работници, имаме во областа на туризмот, и производство исто така, здравство и осигурување. Минималната плата е 1280 евра бруто, додека просечната нето плата е околу 1600 евра. Со колективни договори може да има и други дополнителни додатоци.“ – вели Роде.
Заинтересираноста од страна на македонските граѓани е голема, велат присутните. Додаваат дека бројката задоволува, а Словенија е држава со ниска стапка на невработеност.
„Словенија е една од ретките држави која има најниска стапка на невработеност. На годишно ниво се бараат околу 150 илјади нови вработувања.“ – вели Меке.
На лице место граѓаните во Штип имаа можност да аплицираат за некое од понудените работни места. За добра плата, со превоз и храна велат поисплатливо е да работат надвор од Македониија и тоа се главните причини поради кои браат егзистенција во странство.
Лаура Стојанова М-Нет