
Стоп за насилството врз жените, беше дешната тема на која М-телевизија разговараше со граѓаните на Штип. Иако современиот живот нуди нови можности, ама сепак според нив се уште е активно насилството врз жените. Велат дека тоа се должи претежно поради финансии, пијанство или зависност од некој наркотици кај мажите, а на прашањето зошто жените мочат, велат дека е поради страв. Дека треба да се стави стоп воопшто на секаков вид насилство, согласни се тие, па како што велат потребно е да не се молчи.
Друг дел истакнаа дека некогаш некој работи се преувиличуваат, па велат дека не постои разумен маж кој би кренал рака на сопствената жена, поради самиот факт дека таа е секогаш послаба.
25 ноември е Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените. За првпат тој ден беше обележан во 1999 година со резолуција на ОН. Според статистичките податоци секоја втора жена во светот е жртва на насилство од страна на својот партнер, а секоја петта е подложна или или трпи закана од сексуално насилство.
Лаура Стојанова, М-Нет