Шкендија Арачиново со минималец, Фортуна пресилна за Еуромилк, БВК Коњаре загуби од Аеродром!

Фортуна ја демонстрираше својата моќ со убедлива победа од 6:0 против поранешниот прволигаш Еуромилк ГЛ, во натпревар во кој најдобриот стрелец Орхан Мифтар и Флорим Дема постигнаа по два гола. Агуши и Реџепи беа автори на преостанатите два гола за домашниот тим, во рамки на 12. коло во Трета лига – Север.

Башкими Љуботен на свој терен ја совлада Риниа со 3:1. Сите погодоци беа постигнати во вториот дел: Курти, Рамадани и Исени беа стрелци за домаќините, додека за гостите единствениот гол го постигна Емини.

Во дуелот помеѓу новите третолигаши, Ржаничино славеше со минимални 1:0 против Пчиња, благодарение на голот на Мартин Лазев.

Аеродром го надигра БВК Коњаре со 3:1, со тоа што мечот беше добие во вториот дел. Пешовски донесе водство од 1:0, а Бишевац го израмни на 1:1 пред паузата. Во вториот дел, Каланоски и Апостоловски постигнаа за конечни 3:1.

Поранешниот второлигаш Кадино оствари победа со резултат од 4:5 против Беса Влазрими во спектакуларен натпревар со девет гола. За домашниот тим погодија Фетаи, Шабани, Елези и Демири, додека за гостите хет-трик постигна Далибор Николовски, а Бошковски беше двоен стрелец.

Шампионот од минатата сезона, Куманово, кој не успеа да се пласира во Втора лига, оствари одлична победа од 0:5 против Академија Илинден. Тодоровски постигна два гола, а по еден додадоа Шерифи, Јовановски и Реџепи.

Лидерот на табелата, Шкендија Арачиново, ја оправда улогата на фаворит со минимална победа од 0:1 над новиот третолигаш Њу Старс. Бујар Иљази беше стрелец на единствениот гол во 24. минута.

Александар Ванев, М-Нет