
Незадоволните пензионери од Свети Николе, но и останатите градови како Кочани, Штип, Конче, Куманово и други денеска повторно се собраа на мирен протест. Барања се испратени до надлежните инситуции бидејќи како што велат имало злоупотреба со нивните пари, односно парите на здружението на пензионери. Бараат оставка од претседателката Станка Трајковска.
„Овде имавме барања до Државниот за завод за ревизија, до финансова полиција и до УЈП да се изврши проверка на работата на здружнието на пензионери каде што е госпоѓата Станка Трајковска.“ – вели Станојков.
Откако добија линеарно покачување на пензиите за 5000 денари, велат дека останатите 50% од барањата сѐ уште стојат не исполнети. Децидни се дека за нив ќе се борат и правно, однонсо ќе ги застапува адвокат. Децидни дека промени во структурата мора да има.
„Ние преземаме правни субјекти, однонсо правно ќе ја тераме работата, за останатите 50%.“ – вели Митев.
Нивните пензии се ниски па бараат рецепт како со 14 илјади денари да го преживеат месецот, да плата сметки и да купат храна.
На денешниот протест во Свети Николе пензионерите дадоа поддршка за ослободување на осудениците од 27 април.
Лаура Стојанова М-Нет