
Се очекува зголемување на бројот на лекови за позитивната листа вклучително и за лицата со дијабет. Министерот за здравство Арбен Таравар во денешната изјава истака дека најпрво треба да помине комисијата која што е формирана од министерството за здравство за да одлучи кој лекови имаат приоритет. Додава дека во следната година очекуваат реализирање на ваквиот план.
“Ние ќе направиме максимум што можеме, барем идната година ако можеме некој од овие лекови, меѓутоа повторно имаме комисија која што е формирана од министерството за здравство и која што треба да одлучи кои се побитните работи, кој лекови имаат преоритет, зборувам за целот население во државата да бидат ставени во позитивна листа. Не можам да ставам имиња на лекови сеуште, бидејќи е не сериозно. Очекувам комсијата која што е компетентна да и предложи на министерството за здравство кој треба да бидат следните лекови за позитивната листа.“, истакна Таравари
За првите 50 дена од владата позитивната листа, која постои десет години се прошири со уште 9 нови лекови за поголем број болести, додава Таравари
Моментално веќе има 4 Превентивни програми, а според Таравари истите ќе се прошират во следниот период. Со преветивните програми ќе имаме развиени форми на сериозни болести, така што според буџетот на министеерството во следниот период ќе се разгледува ваквиот случај.