Ѓубрето од другите општини нема да се носи на депонијата во Кочани, советниците едногласни донесоа одлука

Едногласно советниците во Кочани донесоа одлука со која се забранува носење на смет од соседните, но и сите останати општини на градската депонија во Кочани. Ова ќе трае се до изградбата на регионаланата депонија во светиниколско. Одлуката со аплауз беше поздравена од страна на сите присутни во салата за совет.

На почетокот на седницата, точката се додаде прва на дневен ред, се изгласа едногласно и истата треба денеска да биде објавена во службен весник и да стапи на сила. Истата ќе биде испратена до соседните општини Виница, Чешиново – Облешево и Зрновци, но и до сите останати општини и до Владата.

„Ние како советници водени пред се од нивното барање и пред се водени од заклучоците коиштио на 1.11 ги донесе Локалниот совет, ние денеска како точка еден едногласно донесовме одлука да не се депонира ѓубрето од соседните и од останатите општини на градската депонија во Кочани се до изградбата на регионалната депонија во Свети Николе.“ – вели Мите.

Едногласно советници дадоа зелено светло и за создавање надзорно тело, за патрола на депонијата составено од двајца советници, седум граѓаниски активисти и по еден преставник од Локалната самоуправа и КЈП Водовод Кочани.

„Денеска беше донесена и иницијатива за создавање надзорно тело, еко партола за вршење надзор за начинот на собирање и депонирање на сметот на депонијата во Кочани“ – додава Митев.

А, граѓаните и денеска се на старата локација, патот кон градската депонија кај село Бели. Задоволни се од донесената одлука и интересот да се диши чист воздух.

Кочанчани 17 ден по ред деноноќно протестираат за градската депонија, со барање да не се носи губрето од соседните општини на нивната градска депонија.

Лаура Стојанова М-Нет