
Под мотото „Направи нешто за сопственото здравје не оставај на случајност “ Општина Штип спроведува камапања за машкото здравје. Активностите се во соработка со штипската клиничка болница, Дом на млади како и приватни здравствени установи. Целта е граѓаните да водат поголема грижа за сопственото здравје, да прават редовни контроли и на тој начин навремено да се зашититат.
„Овие активности се предвидени и во програмата за еднакви можности за 2024 година. Во нив е предвидено реализирање на испитувања кои ќе треба да ја опфатат машката популација во нашиот град. Целта беше да се поттикне овој дел од нашите граѓани да преземат мерки за сопственото здравје.“ – вели Санева.
Во Клиничка болнца Штип веќе започнаа скриниг прегледите за пациентите. Тие ќе се реализираат секоја сабота од месец ноември. Заинтересираните пациенти може да закажат преглед и да го проверат сопственото здравје. Интересот за првата сабота бил задоволителен потврдуваат од болницата.
„Скрининг прегледите започнаа од 9 ноември и се реализира секоја наредна сабота од месец ноември, односно на 16, на 23 и на 30 ноември. Сите наши заинтересирани граѓани ги повикуваме да закажат и да дојдат.“ – вели Николова.
Овој месец се предвидени и предавања кои ќе се реалзираат во Дом на млади Штип. На тој начин ќе се врши едукација кога е во прашање здравјето на пациентите.
„ На предавањата учество ќе земат и некои доктори од приватните клинички установи од Македонија. “ – вели Лазарев.
Едукација на граѓаните кога е во прашање машкото здравје предвидено е и во приватните здравствени установи.
Лаура Стојанова М-Нет