
Платите во образованието за овој месец ќе се зголемат за пет проценти, а во 2025 практично во март за дополнителни седум проценти. Премиерот Мицкоски, со став дека покрај ваквото зголемувањ, платите ќе растат и во 2026 и 2027 од седум ипол до 10 проценти, а веќе во март 2028 година од 10 до 12 процнети. Додава дека со ваквата ситуација ќе се дојде до пристојно ниво на платите за професорите и наставниците.
„Од овој месец треба да се платите во осносното, средното образование да биде повисока за пет проценти, мислам на сега во ноември за октомври практично таа што е исплатена. Во април 2025 година, практично од мартовската ќе бидат за дополнителни седум проценти. Април 2026 година седум ипол до 10 проценти во зависност од кондицијата на буџетот. Април за март 2027 повторно седум ипол до 10 проценти и веќе април 2028 за март 2028 од 10 до 12 проценти, така што минимум во овој дијапазон временски платата ќе биде просечна во образованието зголемена за 46 проценти, а максимум до 60 проценти. Со ова ќе дојдеме до едно пристојно ниво, дали е доволно не е, но тоа е во рамките на нашите можности.“, истакна Мицкоски
Покрај зголемувањето на платите во денешната изјава Мицкоски посочи и дека нема да очекува зголемување на цената на електрична енергија
“Инаку, нема да бидам измамник како што беше изминатава влада. Ние сме влада која што има според уставот задолжение да се грижи за социјалниот мир и ние не сме феудална влада. И затоа нема да ги лажам граѓаните и да кажувам дека и покрај тоа што берзите на електричната енергија е 100,200,300 евра за мегават саат, а тука граѓаните ја плаќаат помалку од 60 евра, да кажувам дека ние функционираме. Не ние заедно со граѓаните, затоа не очекувам да има зголемување на цената на електрична енергија. „ додава Мицкоски
Инаку, со ваквата промена од една страна ќе се подобрат условите за наставниците и професорите, но од друга страна ќе се подобрат и условите за живот за граѓаните имајќи во предвид дека нема да се зголеми цената на електричната енергија.
Лаура Стојанова, М-Нет