
Започна асфалтирањето на две големи улици во потплачковичкото село Кучица во Општина Карбинци. Градоначалникот Виктор Паунов, истакна дека се работи на незапаметени до сега градежни активности, се со цел овдешните жители добијат соодветни услови за живот. Додава дека со оглед на тоа дека теренот е планински, овие активности се одвивале попречено.
„Денс се наоѓаме во село Кучица во потплачковичкиот дел на Општина Карбинци и започнуваме со асфалтирање на оние две големи улици, кои што ги најавивме претходно. Се работи на една навистина незапаметени градежни активности во ова населено место и во овој дел на општината. Со должина од речи си еден километар две улици денес се завршуваат со асфалтна површина со тоа што граѓани, овие жители овдека ќе ги решат своите проблеми, кои што ги имаат до сега, а тоа е движение кое што попречено се одвиваше, со оглед на тоа дека теренот е планински дел, така да од денес па натаму.“ истакна Паунов
И понатаму Општина Карбинци ќе продолжи да работи посветено, така што во следниот период ќе се реализираат проектите кои што се ветени од програмата за оваа година, додава Паунов
„Ние како општина продолжуваме да работиме посветено, продолжуваме да ги реализираме проектите кои што ги бараа граѓаните, кои што сме ги ветиле во нашата програма и се во програмата за оваа година, кои што ќе бидат реализирани до крајот на овбаа календарска година.“, додава Паунов
Инаку, ваквата реализација е од проектот „Општина Карбинци без кал“ а основната идеја е жителите кои се дел од општината добијат соодветни патишта. Од буџетот на општината за реализацијата на ваквиот проект се издвоени девет милиони денари, а во должина овие осум улици изнесуваат повеќе од два километри.