Познати имињата на дванаесетмината носители на осмоноемвриските признанија во Штип

Познати имињата на дванаесетмината носители на осмоноемвриските признанија за 2024 година. На последната седница на Советот на Општина Штип која се одржа на 25 октомври, советниците дадоа зелено светло за признанијата Осми Ноември да ги понесат 12 граѓани на Штип кои придоненеле за развојот на градот во различни свери и дисциплини.

„Советниците одлучија оваа година признанието „Осми ноември“ да го носат 12 наши сограѓани. Прв носител за оваа година е Методка Стојанов, станува збор за пилот. Следно е Здружението за социјална инклузија и доживотно образование, НЕЦИ, Стојан Арсов за афирмација на спортот. “ – кажа Панајотов.

Меѓу носителите на признанието Осми Номеври се наоѓаат и афирматори на правата на македонците во егејскиот дел на Македонија, афирматои на музиката, спортот, образованието, безбедноста и слично.

„Носители се и Стојан и Марија Димкови за заштита и афирмација на правата и вредностите на македонците од егејскиот дел на Македонија. Иван Костевски за афирмација и постигнувања на меѓународни натпревари . Кирил Кузманов го добива осмоноемвриското признание во сверата на музиката, Виктор Велинов за афирмација на спортски клубови, Мишко Џидров во сверрата на високото образование и професор Методи Хаџи Јанев во неговата свера во безбедноста. Добитник е и Јасмика Чалева Лазовска за афирмација на градот и Ликовното студиот Колорес“ – додава Панајотов.

Осмоноемвриската награда се доделува на секои пет години, а признанието секоја година. Признанието се добива за тековни активности во изминатата година. Ова како пракса се следи секоја година, а советнците ја донесуваат конечната одлука. 

Лаура Стојанова М-Нет