
Место за напад против новинарите нема – Здружението на нoвинари на Македонија со остра реакција по опожарувањето на возилото на директорот на М-Нет телевизија Благој Серсемов. Загрозена е безбедноста на Серсемоов но и на членовите на неговото семејство. Се бара итна реакција од страна на Министерството за внатрешни работи за решавање на случајот и пронаоѓање на виновниците.
„Сведоци сме на еден вандалски, кукавички чин насочен против новинарството. Сметаме дека ваквото однесување е неприфатливо да се посегне по имотот, а со тоа да се загрози и безбедноста на нашиот колега и неговото семејство. Ваквиот чин е обид за замолкнување и обид за цензура за слободата за говор туку преставува закана од еден најдолен криминален чин и сметаме дека треба да се пронајдат виновниците.“ – вели Чадиковски.
Возилото е целосно опожарено, Серсемов вели дека ова го смета за директен удар врз сите медиуми, не само кон него лично, а загрозена е безбедноста и на членовите на неговото семејство.
„Ова не е удар само кон мојот личен имот руку е удар врз сите медиуми. Загрозена е мојата безбедност и безбедноста на моето семејство.“ – вели Серсемов.
Од Основното јавно обвинителство во Штип информираат дека издадена е наредба и насоки за расчистување на случајот, ќе се прави проверка и дали постојат евентуални снимки од видео надзор на подрачјето каде е опожарено возилото.
„Наредбите се да се извршат соодветни вештачења со кои ќе се утврдат причините за пожарот и идентификација на можен сторител на евентуално кривично дело. По наредбите и насоките постапува Министерството за внатрешни работи и вешто лице од Дирекцијата за заштита и спасување, велат од ОЈО-Штип.
Возилото беше опожарено ноќеска час и половина по полноќ во дворот од семејната куќа на Серсемов.
За случајот со опожаренато возило ќе бидат извесетени и сите меѓународни организации.
Лаура Стојанова М-Нет